Next generation formula Aptamil pronutra® advance

Најчесто поставувани прашања

  1. Што е сменето?

    Сменети се и составот и пакувањето на Aptamil-от. Составот е адаптиран во согласност со новата ЕУ регулатива и најновите научни сознанија. За сите почетни и последователни млечни формули ДХА е сега задолжителна состојка, а исто така и нивоата на витамините и минералите се соодветно прилагодени. Пакувањето исто така е изменето за подобро да се разликуваат меѓусебно храната за посебна медицинска намена, почетната млечна формула и последователната млечна формула. Ова ќе Ви овозможи полесно да ги пронајдете формулите на полиците Aptamil 1, 2, 3 - патентираната следна генерација на формула Pronutra Advance, ги комбинира уникатната смеса на состојки со напреден уникатен процес. Прилагодено пакување за појасно визуелно разликување

  2. Која е предноста за моето бебе во споредба со претходната формула?

    Со користењето на уникатниот процес споредено со претходната формула, млечна формула за мало дете Aptamil со  Pronutra Advance ги опфаќа нашето знаење и најновите откритија базирани на повеќе од 40 годишно истражување инспирирано од мајчиното млеко. Исто така, оваа формула има измени во нивото на ЛЦП, нивоата на ДХА и АА, и состав на минерали според новата европска редулатива. Истовремено таа содржи и ХМО 3-ГЛ кој е создаден со нашиот уникатен процес.

  3. Што значи следна генерација на формула /Pronutra Advance?

    Под следна генерација на формула , ние мислиме на нашата константна заложба за понатамошен развој на нашите формули. Веќе 40 години, ние ги предводиме истражувањата инспирирани од мајчиното млеко за да сфатиме како тоа го подржува имуниот систем на Вашето бебе. Ова ни овозможи да создадеме подобрена, следна генерација на Aptamil млечна формула за мало дете. Тоа е единствена формула со Pronutra Advance која ја комбинира нашата уникатна смеса на состојки со нашиот уникатен процес.

  4. Во што е Pronutra Advance различен од другите брендови на пазарот?

    Mлечна формула за мало дете Aptamil co Pronutra Advance е првата и единствена формула на пазарот која ги комбинира уникатната смеса на состојки со напреден (advance) процес. Содржи ХМО (3ГЛ) (HMO-3GL) , олигосахарид на мајчино млеко, кој природно се наоѓа во мајчиното млеко. Формулата е патентирана и ексклузивна за брендот Aptamil .Резултат е на 40 години , предводничко истражување инспирирано од мајчиното млеко, спроведено од нашиот тим на експерти и научници.

  5. Зошто Aptamil 1 има различни тврдења од 2 и 3?

    Ние во целост ја подржуваме Светската Здравствена Организација во нејзината мисија да го промовира и заштити доењето во тек на првите две години од животот( после 6-тиот месец, ако е советувано од здравствен работник , во комбинација со дохрана). Со цел потполно да сме во согласност со мисијата на СЗО, ние ги следиме најновите европски и интернационални закони и регулативи за означување на нашите производи. Ова резултира со различна комуникација и тврдења на Aptamil 1, 2 и 3. Нашата почетна формула Aptamil 1 е создадена како единствен извор на храна за бебиња од раѓање натаму, ако Вашето бебе не се дои или ако има комбинирана исхрана

  6. Кој е уникатниот процес спомнат на предната страна на пакувањето?

    Уникатниот процес кој се користи за произвотство на новата формула е процесот на ферментација. Процес на ферментација е специјален процес за произвотство на храна со селектирани млечно- киселински бактерии.
    Ферментацијата на млекото е природен и традиционален процес користен со години , кој дава специфични бенефити. Јогуртот и киселото млеко се добро познати, традиционални, ферментирани млечни производи. Специфични , позитивни карактеристики им се препишуваат на овие добро познати производи. патентираната Pronutra Advance формула е уникатна комбинација на овој напреден процес, микс од влакна (ГОС/ФОС) и важни нутритиенти (п.р. омега 3, витамини Ц и Д...).

  7. Што е ново со Pronutra Advance во споредба со претходната Pronutra? Што е подобрено во составот?

    Pronutra Advance е прва и единствена формула на пазарот која ги комбинира нашата уникатна смеса на состојки со уникатен процес. Исто содржи ХМО-3 ГЛ (олигосахарид на мајчино млеко- 3 галактозиллактоза) кој е добиен во тек на уникатниот процес. Формулата е патентирана и ексклузивна за брендот Aptamil. Резултат е на 40 години предводничко истражување инспирирано од мајчиното млеко , а спроведено од нашиот тим на експерти и научници.

  8. Што значи ГОС/ ФОС?

    ГОС/ФОС е наша уникатна смеса од олигосахариди, уште наречени и влакна. Влакната се хранливи состојки кои го стимулираат растот на добрите бактерии во цревата. Мајчиното млеко се знае дека содржи влакна.

  9. Што значи ХМО?

    ХМО е кратенка од Human milk oligosaharides, односно олигосахариди од мајчино млеко. Тоа се јагленихидрати (влакна) кои се структурно идентични со оние што се наоѓаат во мајчиното млеко .

  10. Спомнато е дека ХМО 3ГЛ доаѓа од Вашиот процес. Што значи тоа?

    3ГЛ е произведен во тек на нашиот уникатен процес. Уникатните бактерии што ги користиме во овој процес се способни да создадат структура која е идентична на структурата од мајчиното млеко.

  11. Дали ставате мајчино млеко во формулата? Од каде се ХМО, олигосахаридите на мајчино млеко?

    ХМО , олигосахаридите на мајчино млеко не доаѓаат директно од мајчиното млеко. 3 ГЛ се структурно идентични на тие во мајчиното млеко. Тие се создаваат во тек на нашиот уникатен процес.

  12. Зошто Aptamilot се смени? Старата формула беше сосем добра за моето бебе.

    Секогаш сакаме да го обезбедиме најдоброто за Вашето бебе. Со додавање на уникатниот процес во споредба со претходната формула, Pronutra Advance ги опфаќа нашето знаење и последните откритија базирани на повеќе од 40 години истражување инспирирани од мајчиното млеко. Оваа формула има промена во нивото на ЛЦП, ДХА и АА, составот на витамини и минерали, според барањата на Новата ЕУ Регулатива. Исто содржи и ХМО 3ГЛ, структурно идентична ХМО структура. 3ГЛ доаѓа од нашиот уникатен процес.

  13. Сите состојки се користат и од други брендови, зошто да користам Aptamil?

    Pronutra Advance е прва и единствена формула на пазарот која комбинира уникатна смеса на состојки со напреден ( Advance) процес (комбинација на ХМО& ГОС/ФОС). Уникатната смеса е патентирана ексклузивно за брендот Aptamil. Тоа е резултата на 40 години предводничко истражување инспирирано од мајчиното млеко , направено од нашиот тим на експерти и научници

  14. Дали треба да го подготвувам новиот Aptamil различно од нормално?

    Имајте во предвид дека методот на подготовка е сменет. Кога ја подготвувате формулата, Ве советуваме веднаш по додавање на правот да мешате силно вертикално надолу во тек на минимум 10 секунди, на температура препорачана на етикетата, откако сте ставиле точно количество на вода и прав, според упатството на етикетата. Да не мешате во круг. Секогаш следете го упатсвото за подготовка кое е на пакувањето.

  15. Прочитајте ја нашата политика за приватност