Политика на приватност

  • Правила и услови

Nutricia Export B.V. t/a Early Life Nutrition знае дека Вие се грижите како Вашите лични податоци се користат и ние ја препознаваме важноста за заштита на Вашата приватност.

Оваа Политика на приватност објаснува како Nutricia Export B.V. ги собира и што прави со Вашите лични податоци. Содржи информации за податоците што ги собираме, како ги користиме, зошто ни се потребни и како може да Ви бидат од корист.

Контактирајте нè на https://www.facebook.com/AptaClub-Makedonija-451499192353027/ или +38923122205 доколку имате некои прашања или коментари,или да упатите барање во врска со субјектот на користење на Вашите лични податоци.

Оваа Политика на приватност е последно апдејтирана на 18.05.2020

основни принципи на нашите обврски за зашита на приватноста

Nutricia Export B.V. е обврзана да го заштитува Вашето право на приватност. Целиме да го заштитиме секој личен податок што го имаме, да ги употребуваме Вашите лични податоци на одговорен начин и да сме транспарентни во нашата работа. Вашата доверба е важна за нас. Затоа се обврзавме на следните основни принципи:

  • Вие немате обврска да дадете било какви лични податоци кои се побарани од нас.
    Доколку одберете да не ги дадете, можеби нема да бидеме во можност да Ви обезбедиме одредени услуги или производи
  • Ние ги собираме и обработуваме Вашите лични податоци само за потребите ставени во оваа Политика за приватност или за специфични цели кои ќе ги споделиме со Вас и/или за кои сте се согласиле.
  • Ние целиме да собираме, обработиме и користиме лични податоци најмалку што можеме.
  • Кога ги собираме Вашите лични податоци, целиме тие да се точни и ажурирани најмногу што може.
  • Ако Вашите лични податоци што сме ги собрале не ни се повеќе потребни за никаква цел и не сме обврзани по закон да ги задржиме, ќе направиме се што можеме да ги избришеме, уништиме или трајно да ги направиме непрепознатливи при најраната можност.
  • Вашите лични податоци нема да бидат споделени, продадени, изнајмени или разоткриени на други, како што е опишано во оваа Политика на приватност.

какви лични податоци собираме?

Личните податоци што ги собираме се разликуваат зависно од целта на собирањето и производот или услугата која Ви ја обезбедуваме.

Генерално,може да ги собереме следните лични податоци од Вас директно:

  1. Лични податоци за контакт како: Вашето име, е-маил и адреса

  2. Детали за Вашата контакна сметка, како што е Вашата е-маил, адреса и лозинка. Ова е неопходно за да се создаде Ваша лична сметка

  3. Детали за комуникација со нас, кои може да вклучуваат детали за нашата комуникација преку нашата линија за грижа на корисници (телефон, е-маил, “life chat”, или форма на веб комуникација.) или директни пораки од страници на социјани мрежи

  4. Демографски и родителски информации, како Вашата возраст, пол, Вашиот датум на породување, или датумот на раѓање на Вашето бебе

  5. Да ја пребаруваме Вашата интернет историја како страните што сте ги гледале, датумот кога сте ги гледале, локацијата кога сте ги гледале и IP адресата.

  6. Информации поврзани за мајчиното или бебешкото здравје

  7. Информации за други луѓе, како лични податоци за членови на семејството, кога обезбедувате вакви информации директно на нас

  8. Вашите профили на социјалните мрежи кога не контактирате преку страниците на социјалните мрежи

Може и индиректно да собираме лични податоци за Вас, кога:

  1. Споделувате податоци на социјалните мрежи, веб страни или апликации поврзани со нашите производи или како одговор на нашите промоции на социјалните мрежи, или

  2. Може да собираме лични податоци за Вас од информации собрани од други веб страни (на пример може да ставиме реклама на веб страна на трета странка и кога ќе кликнете на рекламата, може да добиеме информација за Вас и други посетители на веб страната, со цел да се измери достапноста и успехот на рекламата)

Зошто ги собираме и користиме Вашите лични податоци?

Вашите лични податоци ги собираме за да Ви овозможиме најдобро “on line” искуство и да Ви обезбедиме висококвалитетна услуга како купувач, особено може да собереме, задржиме, користиме и да откриеме лични податоци за следните намени:

  1. Да се проследи и одговори на Вашето побарување или да се контактирате за да се одговори на вашето барање

  2. Да се подобри квалитетот на услугите со поврзување со било кој претходен контакт што можеби сте го имале со нас

  3. Да се развијат и подобрат производите, услугите, начинот на комуникација и функционирањето на нашите веб страни

  4. Да Ви се испрати Прашалнк за задоволство на купувачот, после користење на Линијата за услуга на потрошувачите или социјалните мрежи

  5. За пренесување на информации за да се направи регистрацијата на беби клубот или регистрација на нашите е-маилови, пошта или Aptaclub.app зачленување

  6. Да се менаџираат нашите секојдневни бизнис потреби во корелација со Вашето учество во натпревари или промотивни активности

  7. Да се потврди Вашиот идентитет кога ќе не контактирате по телефон, електронски или на друг начин.

  8. За интерна обука и осигурување на квалитетот

  9. За да ги разбереме и процениме Вашите интереси , барања и променливи потреби, со цел да ги подобриме нашите веб страни, тековни производи и услуги, и/или да развиеме нови производи и услуги

  10. Да обезбедиме персонализирани производи и комуникација како и препорачување на производите

Исто така може да ни требаат Вашите лични податоци за усогласување со законските обврски или во контекст на договорот што го имаме со Вас.

Кога ги собираме и користиме Вашите лични податоци за целите спомнати погоре или за други цели, ќе Ве информираме пред или за време на собирањето на податоците.

Кога е соодветно, секогаш ќе побараме Ваша согласност за користење на Вашите податоци. Таму каде што ќе ја дадете Вашата согласност за активности во кои податоците ќе се користат имате право да ја повлечете Вашата согласност во секое време.

вашите права

Каде што ќе ги користиме Вашите лични податоци, Ви следуваат бројни права кои може да ги искористите во секое време.

Подолу Ви обезбедивме преглед на овие права, и што тоа значи за Вас.

Може да го смените тоа што го претпочитате во секое време со посетување на страната за ажурирање на деталите на https://www.facebook.com/AptaClub-Makedonija-451499192353027/ или +38923122205

Право за пристап до Вашите лични податоци и исправки

Имате право на пристап, исправка и ажурирање на личните податоци во секое време. Разбираме колку тоа е важно и доколку сакате да го искористите тоа право контактирајте не преку на https://www.facebook.com/AptaClub-Makedonija-451499192353027/ или +38923122205

Право за пренос на податоци

Вашите лични податоци се преносливи. Ова значи дека може да бидат преместени, копирани или пренесени електронски. Сепак, ова право важи само кога:

  1. Постапката е базирана на Ваша согласност

  2. Постапката е поради спроведување на договор

  3. Постапката е резултат на автоматизирани средства

Ако сакате да го искористите Вашето право за преносливост на податоци, Ве молиме да нè контактирате на : https://www.facebook.com/AptaClub-Makedonija-451499192353027/ или +38923122205

Право за бришење на Вашите лични податоци

Имате право да побарате да Ви ги избришеме личните податоци ако:

  1. Вашите лични податоци не се веќе потребни за целите за кои се собрани, или

  2. Сте ја повлекле согласноста која претходно сте ни ја дале за користење на Вашите лични податоци, и не постои друга правна основа за користење на тие лични податоци, или

  3. Вие се противите да ги користиме Вашите лични податоци за директни маркетиншки цели, или

  4. Вие се противите на користење на Вашите лични податоци за легитимните интереси на Nutricia Export B.V. Early Life Nutrition (како што е подобрување на целокупното корисничко искуство на веб страните).

  5. Личните податоци не се користат законски, или

  6. Вашите лични податоци треба да се избришат за да се биде во согласност со законот

Ако личните податоци кои ги собираме не се повеќе потребни за било какви намени и ако според закон не сме обврзани да ги зачуваме, ќе направиме што можеме за да ги избришеме , уништиме или трајно да ги направиме анонимни. Податоците за членство во бабе клубот ќе бидат зачувани за период од максимум 4 години, зависно од времето кога за првпат е регистрирано членството во бебе клубот.

Право за ограничување на користењето

Вие имате право да го ограничите користењето на Вашите лични податоци ако:

  1. Не верувате дека личните податоци што ги имаме за вас се точни, или

  2. Личните податоци не се користат законски, но , наместо бришење на личните податоци , претпочитате ограничување на користењето, или

  3. Повеќе не ни требаат Вашите лични податоци за целите за кои се собрани,но, Вие ги барате податоците со намера да воспоставите, искористите или одбраните законските барања, или

  4. Вие се противите на користењето на Вашите лични податоци и чекате потврда дали Вашите интереси поврзани со тоа противење ги надминуваат легитимните основи за користење на Вашите податоци.

Ако сакате да го ограничите користењето на Вашите лични податоци, Ве молиме да не контактирате на

И ние ќе преземеме одговорни чекори да одговориме на Вашето барање во согласност со законските регулативи.

Право да се противите

Вие имате право да се противите во секое време на користењето на Вашите лични податоци. Ве молиме да не контактирате на на: https://www.facebook.com/AptaClub-Makedonija-451499192353027/ или +38923122205

Право да поднесете жалба до супервизорски орган

Иако би Ви биле благодарни Вашите жали да ги поднесете до нас, Вие имате право да поднесете жалба директно до францускиот надзорен орган CNIL https://www.cnil.fr/en/plaintesза тоа како ги користиме личните податоци.

Исто така може да го контактирате службеникот за заштита на личните податоци на Nutricia Export B.V. со користење е-маил адресата DPO.Groupe@danone.com

како ги заштитуваме вашите лични податоци

Ние разбираме дека безбедноста на Вашите лични податоци е важна. Ние ги вложуваме нашите најдобри напори за заштита на Вашите лични податоци од злоупотреба, мешање, губење, неовластен пристап, менување или обелоденување. Имаме имплементирано бројни безбедносни мерки кои помагаат во заштита на Вашите лични податоци. На пример, имплементираме контрола на пристап, користиме “ firewalls” и сигурни сервери, и ги шифрираме личните податоци.

споделување на вашите лични податоци

Кога ги споделуваме Вашите лични податоци со соработниците или со други организации, се осигуруваме тоа да го правиме само со организации кои ги чуваат и заштитуваат Вашите лични податоци и се во согласност со применливите закони за приватност, на ист или сличен начин како нас.

Вашите лични податоци нема да бидат споделени, продадени, изнајмени или разоткриени на друг начин освен како што е опишано во оваа Политика на приватност. Сепак, можеби ќе ги споделиме Вашите податоци ако тоа е побарано според закон и/или владини органи.

Вашите лични податоци ќе бидат споделени со трети страни за следните намени:

Категории на трети страни Вид на податоци Намена
Надворешни процесори
Adobe Audience Manager Не-идентификувачки податоци за членство Да Ви покаже производи и услуги соодветни за возраста на Вашето бебе додека прегледувате други веб- страни
Facebook Лични податоци за контакт (е-маил и име) Да дозволи логирање преку Facebook и Aptaclub веб-страната
Excipio Лични податоци за членство Да се овозможат персонализирани разговори со линијата за потрошувачи и анализирање на податоците
Даватели на известувања:
Google Analytics
Amazon Analytics
Tableau
Adobe Analytics
Анонимизирани податоци за членство Да се анализира однесувањето на корисниците на веб- страната и е-маилот, што ќе ни овозможи да го подобриме Вашето искуство
Бази на податоци за Е-маил / “push” известувања
MailChimp Податоци за членство, лични податоци за контакт (е-маил) Да се дозволи пристигнување на е-маилови

Меѓународно споделување на податоци

Личните податоци може да се користат надвор од Европското Економско Подрачје(ЕЕП). Кога се користат надвор од ЕЕП, Даноне ќе се осигура дека ова прекугранично користење на податоци е заштитено со соодветни заштитни мерки.

Заштитните мерки што ние ги користиме за заштита на прекуграничното користење на податоци вклучуваат:

  1. Модел на Договорни Клаузули одобрени од Европската Комисија. Овие стандардизирани договорни клаузули обезбедуваат доволно заштитни мерки за задоволување на соодветноста и безбедносните барања на Европската Регулатива за Заштита на Општи Податоци; или

  2. Сертификати кои покажуваат дека третите страни надвор од ЕЕП ги користат личните податоци на начин кој е во согласност со Европската Регулатива за Заштита на Општи Податоци. Овие сертификати се одобрени или од Европската Комисија , компетентен супервизорски орган или од компетентно национално тело за акредитација за Заштита на општи податоци

Автоматизирано носење на одлуки и профилирање

За некои услуги и производи може да ги користиме Вашите лични податоци со употреба на автоматизирани средства. Во основа ова значи дека одлуките се донесуваат автоматски без човечко влијание. Пример за ова е одлучување од кој вид на кампања да Ви доаѓаат е-маилови од нас.

Ние исто така може да ги обработуваме Вашите лични податоци за профилирачки намени, за да го предвидиме Вашето однесување на нашата веб страна или производите кои може да Ви бидат од интерес.Ова може да се користи за да Ви се покажат реклами за нашите производи и услуги соодветни за возраста на Вашето бебе, додека прегледувате други веб страни. Ние исто така ќе ги користиме Вашите податоци за да испратиме приспособени комуникации преку е-маил и пошта, ако тоа сте го внеле како опција за прием.

Ако имаме намера да ги користиме овие методи, се разбира дека ќе Ве информираме и ќе Ви дадеме можност да се спротиставите на овие постапки предвреме. Исто така слободни сте да не контактирате на https://www.facebook.com/AptaClub-Makedonija-451499192353027/ или +38923122205 за понатамошни информации на вакво користење.

“Колачиња” и други технологии

Ние може исто така да собереме лични податоци за Вас преку користење на “колачиња” или други информации. Ова може да се случи кога ги посетувате нашите страни или страни на трети странки, кога ја гледате нашата “on line” содржина, или користите наша/трета страна мобилна апликација и може да ги вклучува следните информации:

  1. Информации за пребарувачот на Вашиот апарат или оперативен систем

  2. IP адреса,ID на уредот и Mac ID на уредот кој го користите;

  3. Нашите веб страни кои ги гледате;

  4. Линковите кои ги кликате додека сте интерактивни со нашите услуги

Ставови за приватноста според локалните закони

Иако Регулативата за заштита на општите податоци важи на ист начин во сите земји членки на ЕУ, понекогаш локалните закони за приватност може да содржат построги правила или информација која е релевантна на локално ниво. Ние ќе ги задржиме и користиме Вашите податоци во согласност со Предлог- законот на Република Северна Македонија од 2020 за Заштита на податоците, кој обезбедува иста заштита како и Регулативата за заштита на општите податоци на ЕУ.

Како да нè контактирате

Доколку имате некои прашања, коментари или поплаки во врска со Политиката на Приватност или користењето на Вашите лични податоци, Ве молиме да не контактирате на овој линк https://www.facebook.com/AptaClub-Makedonija-451499192353027/ или +38923122205